Бизнис совет: Преземајте еден ризик дневно

91

Удобно е да се качувате по скалата во кариерата без да ја кренете главата и да работите напорно. Сепак, излегувањето од зоната на удобност може да биде клучот за отклучување на вашиот професионален потенцијал.

Ова е мислењето на Сандер ван Норденде, извршен директор на Randstand – компанијата специјализирана за човечки ресурси. Тој верува дека овој став му помогнал во првите години од неговиот професионален живот.

„Еден ризик дневно, тоа е она што се бара од вас“, вели ван Норденде.

За време на еден од неговите први професионални ангажмани, од него било побарано да му се јави на клиент што едвај го познава. Сè поминало добро и ван Норденде договорил уште една средба.

Извршниот директор вели дека ова искуство му помогнало многу, давајќи му нова перспектива за преземање ризици.

Најлошото нешто што може да се случи е да ви каже „не“ и да ви спушти, додава тој. Оттука, нема да има негативни последици.