Бизнисмени кои имаат над 70 години, а сè уште работат под полна пареа

96

До пред само 50 години беше речиси незамисливо деловните луѓе во старост да бидат на највисоките позиции во компаниите. Денес е реална ситуација на која веќе не се обрнува посебно внимание.

Оовие бизнисмени се многу активни на нивните претседателски позиции и работат рамо до рамо со колегите помлади од 40 години и постари.

Ворен Бафет оваа година полни 92 години. Тој продолжува да ја води Беркшир Хатавеј и, се разбира, останува најголемиот и најуспешен инвеститор познат на светот. Цел живот се занимава со бизнис.

Брајан Чарлс Дуперол има 75 години и целата своја кариера ја посвети на светот на осигурувањето. Моментално е извршен директор на АИГ, а е и поранешен претседател на оваа компанија. Тој е математичар по образование и ја напушти AIG во 1994 година за да работи за конкурентската компанија ACE Limited. Пред 15 години, Дуперол официјално се пензионираше, но сепак се врати во бизнисот пред четири години во АИГ, компанијата во која ја започна својата кариера.

Лесли Векснер има 85 години, основач на империјата L Brands (Victoria’s Secret, Bath & Body Works), која објави приход од 13 милијарди долари минатата година.

Руперт Мардок, роден во Австралија, оваа година наполни 91 година и е голем љубител на медиумите. Го нарекуваат „медиумски тајкун“. Тој продолжува да служи како претседател на корпорацијата FOX.

Нобукугу Шимизу е Јапонец, основач на Life Corp. и е на чело веќе 60 години. Тој во април наполни  96 години.

Фредерик Смит е познат во светот како основач и претседател на FedEx. Тој го основа Федерал експрес во 1971 година со четири милиони кои ги наследил од неговото семејство. За кратко време компанијата го прошири својот бизнис, а денес богатството на Смит се проценува на над 14 милијарди. Во август полни 78 години.

Мартин Сорел има 77 години и е основач на WPP plc една од најголемите светски адвертајзинг и ПР агенции. Во британскиот деловен свет е познат и како најплатен директор.

Ли Ка Шинг е добро познат магнат од Хонг Конг кој во текот на неговата кариера се занимавал со транспорт и недвижнини и финансиски услуги и енергија. Тој е сопственик на угледната компанија Cheung Kong Holdings. Според Форбс, Ли Ка Шинг е најбогатиот човек во Хонг Конг (35 милијарди), но веројатно е најбогат по деловно искуство, бидејќи оваа година наполни 94 години.

Мајкл Блумберг е исто така активен бизнисмен на листата на најголеми, со 80 години. Тој е деветтиот најбогат Американец и е основач на Bloomberg LP, кој е многу успешен во технолошкиот свет. Паралелно, компанијата разви помошни активности и производи (Bloomberg News, Bloomberg Message. Блумберг е познат и како еден од градоначалниците на Њујорк.

Алан Милер е основач на Universal Health Service и денес на 85-годишна возраст е на чело на оваа компанија и нејзин извршен директор.