Бизнисмени од Баварија во посета на Македонија

14

Делегација на бизнисмени од германската покраина Баварија денес ќе престојуваат во Македонија, каде се очекува да остварат Б2Б состаноци со македонските компании.

Предводник на делегацијата е Улрике Волф, раководител на одделот за надворешна економија и  маркетинг при Сојузното Министерство за економија, инфраструктура, сообраќај и технологија на Баварија и Маркус Лотч, извршен директор на стопанска комора Нинберг за централна Франконија.

Настанот го организира претставништвото на стопанска комора на Германија во Македонија, а главни гости-говорници се Вицепремиерот Владимир Пешевски и Министерот за странски инвестиции, Бил Павлевски.