Бизнисмени од Ирак во посета на Македонија

11

Од 27 јануари, па се до 3 февруари 2014 година, група на бизнисмени од Ирак ќе бидат во посета на Македонија со цел да воспостават деловни контакти со домашните компании.
Станува збор за ирачки компании заинтересирани за увоз и дистрибуција на разни видови македонски производи на ирачкиот пазар на сите видови прехранбени производи и пијалаци, земјоделски производи, козметички и фармацевтски производи, метален комплекс, градежништво и градежни материјали, индустриска опрема, трговија на производи за широка потрошувачка, мебел, транспорт, туризам и друго.

Бизнисмените од Ирак истовремено ќе се запознаат и со можностите за инвестирање и со потенцијалите за водење бизнис во Македонија.

Предвидено е на 28 јануари да се одржи Македонски-ирачки бизнис форум, кој ќе биде организиран до страна на Стопанската комора на Македонија во соработка со Стопанската комора на Сулејманија, Северен Ирак.

По завршување на официјалниот дел на Бизнис-форумот, планирани се билатерални разговори со ирачките компании од неколку стопански сектори.