Бизнисменка од Чачак смисли одлична платформа што е спас за фирмите, ја нуди бесплатно

544

Соочувајќи се со проблем при набавка на потребни продукти кои никаде не можела да ги најде, Бранислава Радојчиќ, која работи како шеф за набавка во една голема угостителска компанија, решила да направи платформа која сега е добредојдена.
Сè почнало како случајна идеја, а сега станала многу барана платформа.

“Работам како шеф за набавки во угостителска компанија којашто има десет различни објекти, работата е стресна, динамична и бара многу време. Во еден момент помислив зошто не постои нешто да можам само да напишам што ми треба и да добијам понуда, а потоа да изберам роба. Тогаш помислив – Ок нема. Ќе ја направам“, раскажува за српски Telegraf, Бранилава Радојчиќ.

Таа направила платформа со помош на еден програмер и почнале полека. Меѓутоа, се случи короната, за среќа или за жал.

Сега ова е одлична прилика за бизнисмените да ја надминат оваа состојба, вели таа. Добила поддршка од Научно технолошкиот парк, како и од Стопанската комора во Чачак. Апликацијата работи со генерирање и филтрирање на податоци кога некој ќе достави барање.

“Имав луѓе кои плаќаа годишна членарина, но со оваа ситуација, решив да биде бесплатно. Јас сум подготвена да ги сносам трошоците затоа што мислам дека е хумано, алтруистички и мислам дека ќе помогне некому“, вели таа.

Сè што треба да направат корисниците е да регистрираат налог бесплатно на порталот за понуда и побарување и да ги наведат производот или услугата за кои се заинтересирани, а понудата пристигнува многу брзо.

Фото:Pixabay