Black Friday во Skopje City Mall

21

thumbnail_600x600

Во петок, на 25 ноември, Skopje City Mall повторно ќе обезбеди одлични услови за шопинг пред новогодишните празници, во рамките на акцијата Black Friday. Речиси 90% од закупците ќе понудат попусти за купувачите, кои ќе се движат од -20% до -70% на одредени артикли или пак на цел асортиман.

За разлика од традиционалните Black Friday акции во Америка, каде најголемиот акцент на попустите се става на белата техника, акциите на локалите во Skopje City Mall се послични на концептот кој се практикува во Европа, каде се обезбедуваат големи попусти на текстилни производи.

„Нашата цел е да овозможиме најдобри услови за незаборавен шопинг за сите посетители. Така, во петок, локалите ќе обезбедат специјални попусти на денот кој во светот стана синоним за ден за шопинг со попусти. Напорно работиме со закупците изминатите години координирано, транспарентно и организирано за да ги спроведеме овие акции“, изјави Дарко Панчевски од маркетинг секторот на Skopje City Mall.

По големата посетеност и заинтересираност за Black Friday во изминатите две години, од менаџментот на трговскиот центар велат дека очекуваат уште поголем број на посетители кои ќе купат сè што им е потребно, по одлични цени. За таа цел, оваа година попустите кои ќе бидат дел од акцијата Black Friday ќе продолжат да важат во текот на целиот викенд, до 27 ноември. Од компанијата додаваат дека организираат дополнителни интересни активности со кои пријатно ќе ги изненадат посетителите.