BlackBerry повторно се враќа на пазарот

39

BlackBerry повторно се враќа на пазарот, а новиот уред се очекува во 2021. година.

Компанијата OnwardMobility најави пристигнување на смартфон со физичка тастатура и поддршка за 5G мрежа во првата половина на 2021 година. Уредот ќе биде достапен за северноамериканските и за европските пазари.

Директорот на компанијата, Питер Френклин, изјави дека новиот BlackBerry ќе биде елегантен и сигурен, а планирана е тесна соработка со BlackBerry и компанијата FIH Mobile Limited, која е подружница на групацијата Foxconn Technology.

“Телефоните BlackBerry се познати по заштита на комуникацијата, приватноста и податоците. Ова ќе биде одлична можност за OnwardMobility да овозможи следна генерација на 5G уреди на пазарот, со поддршка на BlackBerry и FIH Mobile “, рече Питер Френклин, извршен директор на OnwardMobility.

Фото: Facebook