BlackRock ја купува софтверската компанија eFront за 1,3 милијарди долари

47

Инвестиционата компанија BlackRock планира да ја преземе француската софтверска компанија eFront за 1,3 милијарди долари, пренесе Business standard.

BlackRock е голема светска компанија во областа на инвестициониот менаџмент со имот од 5.980 милијарди долари, а eFront има скоро 500 вработени во Белград, пишува Startit.

BlackRock минатата година ја купи кредитната компанија Tennebaum Capital Partners и најави создавање на фонд чии средства се користат за купување акции во други компании.

Во канцелариите во Белград во овој момент работат скоро 500 луѓе кои се 60% од вкупниот број на вработени во компанијата, а работат во неколку сектори: HR, маркетинг, Business development and technology, support, account manager, investment data analyst и risk management.