Divergent, старт – ап од Лос Анџелес, претстави 3D испечатен автомобил, користејќи техники адаптирани од воздушната индустрија. Компанијата го креираше возилото со 720 коњски сили од карбонски влакна користени во авијацијата и алуминиумски легури, пишува Designboom.
Автомобилот, којшто е наречен Blade и може легално да сообраќа на патиштата, има шасија изработена во 3D технологија и истата тежи само 46 килограми. Внатрешноста на хиперавтомобилот е инспирирана од дизајнот на авионите, односно возачот седи во централна позиција.
Футиристичкото возило е финансиски поддржано од милијардер од Хонг Конг, а стартапот пред две години собра 65 милиони долари за да ја развие својата фабрика за автоделови коишто би ги намалиле трошоците и штетното влијание врз околината. Според Divergent, склопувањето на деловите се прави за неколку минути, а технологијата за шасијата се фокусира на 3D алуминиумски спојки коишто поврзуваат делови од јаглеродни влакна.
Фото: Divergent3d