Благ пад на цената на нафтата

26

Цената на барел нафта утрово на лондонскиот пазар изнесува 95 долари, што е благ пад во однос на вчерашниот ден. Американската нафта WTI се тргува по цена од 89 долари за барел.

Пазарот на криптовалути од утрово е во минус. Биткоинот денес вреди 22.898 долари, што е за речиси 4 отсто помалку од вчера. Во минус се и другите криптовалути.