Благ пад на цената на златото

129

Европските берзански индекси ја започнаа неделата со раст, нафтата од типот „брент“ се продава за 78 долари за барел, додека на пазарите во исто време е забележан благ пад на цената на златото.
Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:15 часот порасна на 19.134,05 поени, британскиот FTSE 100 на 8.300,59 поени, францускиот CAC 40 на 7.564,85 поени, а московскиот MOEX на 2.807,85 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс порасна на 42.352,75 поени, индексот S&P 500 на 5.751,07 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 18.137,85 поени.

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта се искачи на 74.758 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 78.270 долари.

На отворањето на берзата ТТФ се продаваа европски фјучерси на гас по цена од 40.490 евра за мегават-час.

Цената на златото падна на 2.644,59 долари за унца, а цената на пченицата порасна на 5,9146 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).