Акциите на европските берзи благо пораснаа денеска наутро, продолжувајќи да растат од минатата недела, но тргувањето е претпазливо бидејќи оваа недела ќе се одржат состаноци на лидерите на неколку најголеми светски централни банки.
Индексот STOXX 600 на водечките европски акции беше во плус 0,2 отсто утрово.
Лондонски FTSE индекс зајакна 0,04 отсто, на 7.294 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 0,40 отсто, на 15.683 поени, а париски CAC 0,21 отсто, на 7.006 поени.
Цените на акциите благо пораснаа и на азиските берзи, така што индексот на акциите на Азија и Пацифик MSCI, без јапонскиот, околу 9,30 часот порасна за 0,3 отсто, откако минатата недела скокна за 1,7 отсто.
Берзанскиот индекс Никеи утринава порасна на берзата во Токио за 0,6 отсто, додека цените на акциите во Австралија, Хонг Конг и Шангај пораснаа меѓу 0,3 и 0,9 отсто. Во Јужна Кореја, пак, благо паднаа.
Берзата сè уште е во добро расположение бидејќи се чини дека омикрон сојот на коронавирусот не е поопасен од претходните и не треба да предизвика значителен бран на затворање на фирми.











