Благ раст на S&P индексот поттикнат од зајакнувањето на услужниот сектор во САД

41

На Волстрит, индекситеS&P 500 и Nasdaq пораснаа во средата по податоците кои покажуваат посилна активност во американскиот услужен сектор во март, но нивните добивки беа пригушени бидејќи претседателот на американската централна банка Федералните Резеви, Џером Пауел, сигнализираше дека намалување на каматните стапки сè уште не е на повидок со оглед на робусната економија.

Индексот S&P 500 порасна за 0,11 отсто, на 5.211 поени, а индексот Nasdaq за 0,23 отсто, на 16.277 поени, со што двата индикса зајакнаа по двата дена пад. Сепак, индексот Dow Jones продолжи да се намалува трет ден со ред во средата, и тоа за 43,1 поен или 0,11 отсто, на 39.127 поени.

Институтот за управување со набавки објави дека PMI индексот на американскиот услужен сектор во март достигнал 51,4 поени, што е слабеење од 52,6 поени забележани во февруари. Секое отчитување над 50 поени укажува на проширување на услужниот сектор, кој сочинува две третини од американската економија, што покажува дека најголемата светска економија инатаму расте, но со умерено темпо.

Сепак, Пауел потврди во својот говор во средата дека на Fed ќе му треба малку време да размисли кога да започне со намалување на стапките со оглед на континуираната сила на американската економија и неодамнешните податоци за инфлацијата повисоки од очекуваните.