Благица Ботиљеро ќе го отвори петтото издание на AllWeb

24

blagica-and-emmy

Добитничката на Еми награда за дигитален маркетинг и поранешен директор во Еделман, Моторола и Таргет Маркет, Благица Ботиљеро ќе биде првиот говорник што ќе застане на сцената на AllWeb, на 18-ти ноември оваа година. Позната е по нејзината способност да го мери повратот на инвестиции (ROI) во дигиталните медиуми, влијанието на социјалните медиуми и техниките за поддршка на купувачите.

Ја нарекуваат “дигитален гангстер“ затоа што е дел од генерацијата жени кои помогнале да се изгради вебот. Со кариера која трае повеќе од 20 години, Благица е во првите редови на постојано менување на World Wide Web.

“Особено сме горди што успеавме да донесеме профил на говорник, како што е Благица“, вели Славица Биљарска, еден од организаторите на AllWeb и додава: очекуваме, во една интерактивна сесија, со публиката да го сподели нејзиното богато искуство во секој аспект на развој на интернет, интернет маркетинг, дигитални комуникации, традиционалните односи со јавноста и социјалните медиуми.

На 18-ти ноември во Скопје, Благица Ботиљеро ќе зборува на тема поврзаноста на дигиталниот маркетинг и социјалните медиуми. Покрај за ова, на AllWeb ќе се дискутира и за дигитална трансформација, оптимизација на огласување, креирање содржина, анализа на публика, па се до медиумски навики, кризно комуницирање и развој на пазар.

AllWeb e единствената конференција посветена на дигитален маркетинг во Македонија, која се одржува петта година по ред. Организаторите за годинава најавуваат уште дванаесет одлични говорници, а повеќе информации за програмата може да се најдат на http://www.allweb.mk. Влезниците за конференцијата веќе се пуштени во продажба.