Благој Ѓорев од Велес минатата година ја заврши со добивка од 8,5 милиони денари

38

Производната индустрија Благој Ѓорев од Велес минатата година ја заврши со вкупна сеопфатна добивка од 8.558.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

На крајот на 2017 година, компанијата евидентираше добивка од 199.000 денари.

“Иако приходите имаат пад во однос на претходната година, сепак е остварена добивка поради поголемиот пад на материјалните трошоци, како резултат на намалување на цените на маслодајните култури на берзите и зголемување на продуктивноста и економичноста во компанијата“, стои во Образложението на остварените резултати.