Благој Ѓорев оствари добивка од 1.211.000 денари

29

blagoj gjorev

Компанијата Благој Ѓорев од Велес евидентираше добивка во висина од 1.211.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Претходната 2013 година беше успешна за компанијата поради финансискиот резултат од 13.286.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на Благој Ѓорев се во висина од 588.964.000 денари, од кои на домашен пазар се остварени 531.508.000 денари, додека остатокот од 57.456.000 денари е реализиран на странски пазари.

“Од структурата на приходите и расходите може да се забележи дека покрај редовното работење, значителен дел од приходите и расходите произлегуваат од судските процеси. При преработката на маслото во однос на претходната година, оваа година е потрошено повеќе суровина – сончоглед, при што е добиена поголема количина на нус производот – ќоспе, со што значително се зголемуваат приходите и како резултат на тоа е остварена добивка. Исто така, добивката произлегува и од намалени трошоци за суровини и материјали“, стои во Образложението за остварените резултати на фабриката Благој Ѓорев.