Благој Ѓорев првиот квартал го заврши со загуба од 12,3 милиони денари

3

blagoj-gorev-123

Производната индустрија Благој Ѓорев од Велес првото тримесечје од годинава го заврши со загуба од 12.374.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период минатата година, компанијата прикажа загуба од 10.121.000 денари.

“За трите месеци оваа година се остварени вкупни приходи во износ о 127.316.000 денари, што е за 16% помалку во однос на лани за истиот период. Поголем дел од приходите се од домашен пазар“, стои во Образложението за остварените резултати.

Вкупните приходи од продажба достигнаа ниво од 127.174.000 денари. На домашен пазар отпаѓаат 117.621.000 денари, додека на странски пазари реализацијата достигна 9.553.000 денари.