Благој Ѓорев со загуба од 11,6 милиони денари го заокружи септември

22

blagoj-gorev-123

Производната индустрија Благој Ѓорев од Велес, во текот на деветте месеци од оваа година, прикажа загуба од 11.606.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Од први јануари до 30-ти септември лани, компанијата работеше со добивка од 2.822.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, на крајот на септември 2017 година, имаа салдо од 420.768.000 денари. На домашен пазар реализацијата имаше вредност од 384.577.000 денари, додека извозот беше на ниво од 36.191.000 денари.