Blanket – апликација за препорака на филмови

108

bl

Blanket е мобилна апликација што овозможува брзо наоѓање квалитетни препораки за филмови и препорачување добар филм, а креатори се Хрватите Младен Шимиќ, Иван Ковач и Матеја Бартоловиќ, пишува Вечерњи лист.

Апликацијата функционира така што преку неа може да се следат филмски препораки на пријатели или други луѓе. Креаторите на велат дека идејата настанала спонтано од практична потреба на едно место да има листа на филмови кои ги препорачуваат пријателите и да се споделат препораки. За развој на Blanket велат дека клучно им е да развијат заедница на љубители на филмот.

“Blanket на секој корисник му нуди можност за следење на оние личности чиј филмски вкус го ценат и на тој начин секој корисник доаѓа до филмски препораки кои за него се релевантни“, велат креаторите на оваа апликација.

Апликацијата ја развивале година дена и достапна е за преземање на Google Play.