Основната храна без која не се може во Србија ја произведуваат неколку домашни бизнисмени.
Сопственикот на фабриките за масло Витал и Сунце, Предраг Ранковиќ Пецони, за Блиц вели дека го снабдува скоро половина пазар со масло за јадење, а во фабриката Викторија оил, во косопственост на Зоран Митровиќ и Милија Бабовиќ, секој час произведуваат 14.000 литри масло “искон”.
На пазарот за шеќер слично е позициониран Миодраг Костиќ, сопственик на МК група, под чија капа работи компанијата Суноко.
Горан Перчевиќ, сопственик на Интеркомерц, 80% од пазарот го снабдува со увозна тузланска сол.
Кога станува збор за млекото, покрај Danube Food група (Велика Британија, Имлек) и Дукат (Хрватска, француски Laktalis), добро котира Шабачка млекарница на Мирослав Богичевиќ.
Во Делта немаат податоци со колкав удел компаниите на Мирослав Мишковиќ го снабдуваат домашниот пазар со месо. Тој на српскиот пазар во оваа индустрија работи со компанијата Јухор, а покрај него, жителите на Србија со месо ги снабдуваат и Индустрија меса Матијевиќ во сопственост на Петар Матијевиќ, Карнекс на Миодраг Костиќ и државната фирма Агрожив.
Во Србија, по жител годишно се трошат 55 литри млеко, 16 литри масло за јадење, 25-30 килограми шеќер и 60 килограми месо, пишува Блиц.