Blizoo со осум нови канали и нова Wireless Digital Voice Gateway технологија

22

Blizoo

Телекомуникацискиот оператор Blizoo промовира неколку новости во своето портфолио, кои се однесуваат на видео и интернет – услугите на операторот.

Од денеска, осум нови канали се вклучени во дигиталната понуда на Blizoo – RTL, RTL 2, RTL+, RTL Kockica, Jugoton, CMC, ELTA 1HD и ELTA 2. Каналите се од балканско подрачје (Хрватска и Босна Херцеговина) и се дел од пакетот Балкан 8+. Сите корисници на дигиталната телевизија на операторот ќе уживаат бесплатно во овие канали до 01.08.2014 година.

Истовремено, Blizoo ја промовира новата Wireless Digital Voice Gateway технологија, која претставува комбинација помеѓу кабелски модем со вградена можност за телефонија, 4-портен gigabyte switch и Wi – Fi рутер. Овие мултифункционални модеми ќе бидат бесплатно вклучени во одредени интернет-пакети и пакети со три услуги.

Дополнително, операторот бесплатно ќе го вклучи пакетот Супер плус (SK Prime, Ultra, Cinemania, Golf, Lov i Ribolov) во сите пакети со три услуги.

“Овој месец промовираме неколку клучни новитети во нашето портфолио – нов пакет со дури осум нови канали од балканското подрачје, како и нова технологија во нашата мрежа со која значително го зголемуваме квалитетот на услугите и дополнителните можности на нашата опрема. Навистина сме горди на постигнатото изминатиот период и ни претставува огромно задоволство што нашите корисници ќе можат да уживаат во овие придобивки”, изјави Искра Секуловска, маркетинг – директор во Blizoo.