Близу ја зголемува мрежната покриеност во Македонија   

21

kocani

Телекомуникацискиот оператор Близу денеска го отвори новиот продажен салон во центарот на Кочани.

Отворањето на салонот е дел од активностите кои беа најавувани во изминатиот период, а се однесуваат на проширување на мрежната покриеност во Македонија, како и зголемување на квалитетот на мрежата во градовите каде веќе оперира.

Од денеска, граѓаните на Кочани ќе можат да уживаат во популарните пакети со три услуги на Близу со интернет брзини до 150 Mbps, дигитална телевизија со до 170 дигитални канали и најголем избор на HD канали и фиксна телефонија без претплата, со цени започнувајќи од 749 денари месечно.

“Денешниот ден ќе остане запаметен како почетокот на големите промени во телекомуникацискиот сектор. Првиот град во кој се прошируваме и чие отворање денеска го прославуваме е Кочани, каде корисниците подеднакво ќе можат да уживаат во сите бенефити кои ги нуди Близу”, изјавија од менаџментот на Близу.