Блокирани сметките на компаниите што ја злоупотрeбија државната помош

92

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска посочи дека преку системот за Е-даноци, најдоцна до 10 во месецот, работодавачите можат да аплицираат за финансиска поддршка, за исплата на плати во октомври, ноември и декември 2020 година.

Заедно со министерот за финансии, Фатмир Бесими соопштија дека ранливите категории на граѓани и пензионерите со ниски примања средства од помошта во рамки на четвртиот пакет мерки ќе ги добиваат директно на транскациски сметки, а не на платежни картички како што беше претходно.

На новинарско прашање околу компаниите што ја злоупотребија државната помош, Лукаревска соопшти дека на сите компании УЈП им ги блокирала сметките и на дел од нив веќе им биле повлечени овие средстава од државната помош.

“Имињата на сите компании што ја злоупотребуваат помошта и натаму ќе бидат објавувани, со цел јавноста да ги знае, а воедно и да се поттикнат другите фирми да не прават вакви злоупотреби“, наведе Лукаревска.

Фото: Freepik