Блокирани трансакциски сметки во септември

23

blokirano

На вкупно 179.250 физички и на 54.876 правни лица им се блокирани трансакциските сметки заклучно со 30-ти септември, покажуваат податоците на Народната банка на Република Македонија.

Еден месец претходно, кај физичките лица блокирани се 179.062 сметки, додека тој број кај правните лица достигна 57.228.

Под блокирани трансакциски сметки влегуваат трансакциски сметки што се во сопственост на физички и правни лица за кои има евидентирано неизвршено решение за присилна наплата.

Вкупниот број на депонентни заклучно со 30-ти септември, според податоците, кај физичките лица е 1.601.025, додека кај правните лица е 120.300 (депоненти се физички и правни лица кои имаат отворено една или повеќе трансакциски сметки, во една или повеќе банки во земјата).

Од вкупниот број на депоненти, кај физичките лица има 76.504 блокирани, додека кај правните лица тој број е 36.108.