Blue Monday – што е тоа?

73

Понеделникот за многумина е тежок ден, бидејќи е прв работен ден по викендот. Но, во светот третиот понеделник во јануари се смета за најдепресивен ден во годината.

Тоа значи дека денеска е најдепресивниот ден во цела година. Како причина за тоа се наведува спласнатата новогодишна еуфорија. За да го добие приматот “најдепресивен“ влијаат и временските прилики. Времето е студено и облачно, луѓето имаат помалку пари на располагање, бидејќи најголемиот дел од нив ги потрошиле за време на празниците. Веќе немаат толку многу време да поминуваат со пријателите и блиските, поголемиот дел од денот ќе го поминуваат на работа… Сите овие фактори заедно го прават овој ден да биде најдепресивен во годината.

Името Blue Monday во 2004-та година го дава психологот Клиф Арнал. Иако за многумина тоа е само маркетиншки трик, голем е бројот на луѓе кои сепак сметаат дека барем делумно овој ден е најдепресивен.

Според него, овие фактори имаат најголемо влијание врз тоа луѓето да се чувствуваат нелагодно и помалку мизерно:

  • Временски прилики
  • Долгови
  • Месечна плата
  • Колку време помина од празниците
  • Време искористено во обид да се направи нешто, но без успех
  • Ниска мотивација и
  • Потреба да се преземе нова акција.

Она што е важно за да се направи разлика од Blue Monday, којшто е само теорија или уверлив маркетиншки трик, да се чувствува некој blue (сино) на англиски значи да се чувствува тажно и депресивно.

Сепак, тимот на Бизнис Инфо ви порачува да ги “растерате“ црните облаци и да уживате во малите работи што ги носи секој период од годината 😊.

Фото: Pexels