Blue Origin ќе го лансира Капетан Кирк во вселената – следете го летот во живо

47

Актерот Вилијам Шатнер заедно со уште тројца патници денес  ќе полетаат во вселената, соопшти компанијата Blue Origin. Целото веленско патување ќе се пренесува во живо.

Шатнер, на 90-годишна возраст, е подготвен да стане најстарата личност што некогаш патувала во вселената, пренесе Ројтерс.

Тој стана икона на поп културата со улогата на капетанот Кирк од телевизиска серија од 1960-тите Ѕвездени патеки и седумте последователни филмови.

“Сакам да ја видам пространоста на просторот и извонредното чудо на нашата Земја и колку е кревка во споредба со силите на универзумот. Сакам да видам што треба да сториме за да ја спасиме Земјата“, изјави Шатнер во видео интервјуто на Ројтерс. Тој исто така призна и дека е нервозен и малку исплашен за новата авантура.

По 24-часовно одложување на лансирањето, Шатнер и неговите сопатници денес од место за лансирање надвор од руралниот западен тексашки град Ван Хорн ќе влезат во ракетата New Shepard која е висока 18 метри. Преносот во живо од нивното патување до работ на вселената ќе започне во 14 часот и 30 минути.