bMOLA GO – преносен прочистувач на воздух

25

Фото: Indiegogo

bMOLA GO е медицински, преносен прочистувач на воздух којшто не само што ги апсорбира, туку може и да ги разложи загадувачите во воздухот.

Овој лесен прочистувач отстранува непријатни миризби, ги убива бактериите и вирусите, го чисти поленот и алергените, ги филтрира чадот и PM 2,5 честичките. Главниот филтер трае 12 години, додека батеријата осум часа.

b-Mola GO користи софистицирана NCCO патентирана технологија, којашто е имплементирана во многу болници и јавни места со цел да обезбеди квалитетен воздух. Прочистувачот има три различни  филтри: HEPA филтер, генератор со активен кислород и  NCCO филтер.

Системот може да уништи 99% од штетните елементи во воздухот. HEPA филтерот чисти прашина, чад, полен, генераторот со активен кислород уништува бактерии и вируси, додека NCCO филтерот катализира и разложува лесно испарливи органски соединенија (VOC).

Производот е сосема безбеден за здравјето на луѓето, а истиот е толку тивок што може да се користи и преку ноќ. Доаѓа заедно со кожна рачка за носење а може да се постави секаде каде што има потреба во домот, канцеларијата, возилото и слично.

b-Mola GO, на истоимениот американски старт – ап, има своја кампања на платформата Indiegogo и досега има собрано 16.119 долари, а првично биле побарани 10.000 долари. Испораките се очекуваат веќе од следниот месец.