БМВ и Тата ги здружија силите

18

Групацијата BMW најави нова соработка.

Оваа компанија соработува со индискиот бренд Tata Technologies, со кој потпиша договор за формирање на заедничко вложување со цел да се формира центар за развој на софтвер и ИТ на повеќе локации во Индија.

Планот е да се искористи експертизата на Tata Technologies за дигитално инженерство и талент во Индија за да придонесе за стратешко проширување на способностите за софтверско кодирање на BMW Group во глобалните ИТ центри и операциите 24/7.

„Фокусот ќе биде ставен на стратегиски развој на софтвер, а во автомобилскиот софтвер фокусот ќе биде ставен на автоматизирано возење, инфозабавни системи и други дигитални услуги“, се вели во заедничкото соопштение.

„Нашата соработка со Tata Technologies ќе го забрза напредокот на полето на софтверски дефинирани возила – Индија може да се пофали со богатство на таленти со исклучителни софтверски вештини, кои можат да придонесат за нашата софтверска компетентност“, рече Кристофер Грот од BMW.

Ворен Харис, извршен директор на Tata Technologies, рече дека „експертизата ќе биде во прв план“ и дека „ќе му помогне на BMW да дизајнира супериорни производи“.