BMW го претстави најновиот iDrive инфозабавен систем

27

Германски BMW го претстави електричниот кросовер iX минатата есен, а сега компанијата ги открива деталите околу неговиот целосно нов iDrive систем.

На годинешното издание на CES, BMW ја претстави осмата генерација на iDrive инфозабавниот софтвер, со што беше најавен експанзивниот закривен панел со два екрани и елегантниот iDrive контролер. Деталите околу неговата функционалност беа нејасни се до сега. Работејќи со BMW Operating System 8, најновата генерација на iDrive ветува дека ќе ја доведе “интеракцијата меѓу возачот и возилото во дигиталната иднина каде многу делови од животот стануваат исклучително паметни“.

Како што веќе наведовме, во срцето на новиот iDrive се наоѓа закривениот панел во кој се наоѓаат 12,3-инчната дигитална инструмент табла и 14,9-инчен инфозабавен систем, а двата екрани се насочени кој возачот со цел да се добие оптимална ергономија.

Возачите уште од самиот старт ќе го забележат новото искуство со оглед на тоа дека Operative System 8 има функција за Great Entrance Moments кој ги пречекува возачите и ги “кани во возилото со темелна кореографска рутина“. Кога ќе се најдат во внатрешноста, возачите ќе најдат и целосно нов графички кориснички интерфејс кој има модерни бои и футуристички текстури и форми.

Екраните исто така се “прочистени“ и сега ја покажуваат точната количина на информација на едноставен и лесно разбирлив начин. Ова им овозможува на возачите да гледаат се што им е потребно со брз поглед на екраните.

Друга важна карактеристика за функционалноста на осмата генерација на BMW iDrive 8 е фокусот на гласовните и интеракциите базирани на дијалози. Со тоа се задржуваат само неколку тактилни контроли за функции кои се користат најчесто. Интелигентниот личен асистент на BMW ја олеснува конверзацијата меѓу возачот и возилото, со што се добива нова функционалност заедно со новата визуелна форма која ќе овозможи невербална комуникација на информации до возачот. Комбинацијата на хардвер и софтвер е дизајнирана да го поддржи новото корисничко искуство за идните клиенти на BMW.

BMW исто така ќе биде во можност и да го персонализира возачкото искуство благодарение на BMW ID, новата интеракција на BMW ConnectedDrive. Производителот вели дека iDrive 8 ќе ги научи и ќе се прилагоди на рутините и преференции на возачот. Така, купувачите ќе можат да создаваат уникатни профили кои можат да вклучуваат и претходно поставени конфигурации на автомобилот. Тоа ги вклучува температурата, брзината на вентилаторот и преферираната музичка плеј листа. BMW ID исто така предизвика компанијата да ја унапреди својата апликација за паметни телефони од BMW Connected App во My BMW App, која ќе биде лансирана наскоро.

Софтверот и целосното корисничко искуство стануваат витален дел во она каква интеракција имаме со нашите автомобили. Високо конектираниот инфозабавен систем “напојуван“ од информации на BMW покажува увид во една интересна иднина. Гледајќи напред, автомобилот ќе стане исклучително паметен и автоматизиран уред кој одржува природен дијалог со корисникот. BMW iDrive 8 ќе биде првично лансиран со новиот iX, а потоа и на новиот i4.

Преземено од Avtoplus.mk