BMW инвестира над 100 милиони евра во Чешка во изградба на тест стаза за автономни возила

20

bmw

Фото: BMW

Германскиот производител на луксузни автомобили BMW најави дека ќе инвестира над 100 милиони евра во градење на пробна стаза за автономни и електрични автомобили во Чешка.

Првиот проект за тестирање на возила на BMW во источна Европа ќе создаде неколку стотици работни места во Чешка. Проектот треба да почне да се применува во почетокот на следната деценија, пишува Reuters.

Погоните на BMW во близина на седиштето во Минхен, во Франција и Шведска не се доволни за сеопфатно тестирање на автономни автомобили.

Групата којашто, исто така, ги вклучува брендовите Rolls-Royce и MINI, планира да го претстави својот прв автоматизиран iNEXT модел во 2021 година и да се здружи со Intel, Mobileye, Delphi, Continental и Fiat Chrysler за да развие пазар за возила без возачи. До 2025 година планира да ја зголеми понудата на електрични и хибридни автомобили на 25 модели.