BMW најавува продолжување на недостигот на полуспроводници

29

Глобалниот недостиг на полуспроводници и микрочипови е само една од последиците кои ја зафатија автомобилската индустрија за време на ковид пандемијата.

Со оглед на тоа дека глобалниот недостиг на полуспроводници продолжува и понатаму, надежите за брзо решение на проблемите со снабдувањето стивнуваат. Од BMW велат дека очекуваат континуираниот недостиг со овој клучен елемент во производството на новите автомобили да продолжи и во втората половина од годината.

“Снабдувањето со полуспроводници е критично. Изгледите за втората половина од годинава исто така остануваат критични. Првичната претпоставка, дека целата ситуација ќе се стави под контрола за брзо време и дека ќе се покрие помалку или повеќе првата половина од годината, е тешка“, вели Милан Недељковиќ, шеф за производство на BMW, а пренесува Reuters.

Голем број производители забележаа зголемување на продажбата во првите два квартали на 2021 година, откако побарувачката драстично се зголеми на пазарот по олабавување на Ковид-19 мерките и рестрикциите. Но, истовремено, снабдувањето со полуспроводници се намали, а дилерите остануваат со сè помалку нови автомобили со кои можат да ги заменат оние продадените.

Недељковиќ истакна дека загубеното производство на BMW достигнало околу 30.000 единици досега оваа година и откри дека е можен недостиг и за втората половина од годината.

Проблемот се зголемува додека автомобилските производители се натпреваруваат да произведат технолошки што е можно понапредни автомобили кои бараат сè повеќе и повеќе микрочипови. За да се спротивстават на овој проблем, некои дури започнаа и продажба без одредени карактеристики со цел да ги донесат до продажните салони.

Преземено од Avtoplus.mk