BMW планира да го зголеми производството на електрични автомобили

33

Германскиот производител на луксузни возила BMW планира значително да го зголеми производството на електрични автомобили, изјави извршниот директор Оливер Зипсе.

“Значително го зголемуваме бројот на електрични возила. Од следната до 2023 година, ќе произведеме четвртина милион повеќе електрични автомобили отколку што првично беше планирано“, рече Зипсе.

BMW сака до 2023 електричните автомобили да сочинуваат приближно една петтина од продажбата. Оваа година, нивниот удел е околу 8%.

Зипсе повторно повика да се забрза проширувањето на инфраструктурата за полнење.

Фото: Pixabay