BMW со добивка од 2,8 милијарди евра за три месеци

42

Автомобилскиот гигант BМW во првиот квартал од оваа година имаше нето добивка од 2,8 милијарди евра, што е пораст во однос на 574 милиони евра остварени истиот период лани.

Приходите од продажба за три месеци се зголемија за 15% на 26,8 милијарди евра.

BMW во април забележа пораст од 370% на добивката бидејќи оствари повисоки резултати од очекуваното.

Продажбатa на возила во текот на првото тримесечје порасна за повеќе од една третина, на скоро 637.000 возила, бидејќи испораката за Кина се зголеми двојно. Продажбата на возила во Северна Америка порасна за 17%.

Фото: Pexels