BMW со рекордна продажба во првите шест месеци

18

BMWГерманскиот произведувач на автомобили BMW во првите шест месеци од оваа година продаде рекорден број на автомобили. Според податоците на компанијата, во јуни ширум светот продале 184.498 возила, што во споредба со истиот месец минатата година е пораст за 6,9%. Во првата половина од годинава BMW продале 954.521 возила, што е за 6% повеќе во однос на истиот период минатата година.

“BMW оствари најдобри резултати во својата историја, како во јуни, така и во првите шест месеци од тековната година и покрај сите проблеми на поедини европски пазари”, изјави шефот на продажбата на компанијата, Иан Робертсон.

Поради големата побарувачка на автомобили во Азија и САД, BMW успеа да ја надомести загубата и малата побарувачка во Европа. Во Азија продажбата порасна за 14,4% на годишно ниво, а во САД за 9,7% во првите шест месеци.