БНБ го претстави дизајнот на новата монета од два лева

66

lev

Бугарската народна банка (БНБ) вчера го претстави дизајнот на новата монета од два лева, која ќе влезе во отек од следната година и постепено ќе ги замени банкнотите со иста вредност, јавуваат бугарските медиуми.

Темата и сликата на Паисиј Хилендарски е пренесена од банкнотите, на двете страни на новата монета.

Точниот датум од кој новите монети ќе станат законско платежно средство, како и техничките карактеристики и точниот опис, ќе бидат дополнително утврдени со одлука на БНБ во јануари 2015 година.

Банкнотите со номинална вредност од 2 лева ќе продолжат да бидат законско платежно средство.