Бочели пред празна сала во Дуомо ќе има концерт за целиот свет

63

Познатиот оперски пејач од Италија, Андреа Бочели, ќе настапува во катедралата Дуомо. Но, поради пандемијата, салата ќе биде празна, а неговиот настап ќе биде пренесуван во живо низ целиот свет, пишува CNN.

Италијанскиот тенор ќе биде придружуван само од Емануел Вианели, кој свири на оргули.

“Оваа година, Велигден ќе биде многу тежок за нас. Радоста и спокојот што вообичаено доаѓаат на овој ден, овој пат ќе недостасуваат поради пандемијата со којашто се соочуваме. Сигурен сум дека извонредниот глас на Бочели ќе биде прегратката што ни недостасува овие денови“, вели Џузепе Сала, градоначалник на Милано.

Според информациите, Бочели за овој концерт нема да добие никаков хонорар, туку ќе настапува бесплатно.

Фото: Facebook