BodyNet – еластичен сензор што го следи здравјето на корисникот преку кожата

77
For the BodyNet_sticker being stretched Using metallic ink, researchers screen-print an antenna and sensor onto a stretchable sticker designed to adhere to skin, tracking pulse and other health indicators, and beaming these readings to a receiver on a person’s clothing. / Photo by Bao lab.

BodyNet е сензор креиран од истражувачи од Универзитетот Станфорд што преку кожата ги следи виталните знаци на корисникот. Направен е од проѕирен еластичен материјал што не предизвикува алергии.

Досега направени се тестови на зглоб и абдомен кај корисниците, при што сензорот точно ги измерил пулсот и дишењето во минута преку ширење и собирање на кожата. Кога сензорот ќе се стави на лакти и колена го следи движењето на тие делови од телото преку опуштање и згрчување на кожата секогаш кога ќе се предвижи одредениот мускул.

Сензорите не користат батерии и слични елементи и безбедни се за носење.

Истражувачите планираат што го усовршат производот истиот да се користи за мерење на останатите витални знаци како на пример температура на телото. Сензорот BodyNet ќе може да се користи во следење на пациенти со срцеви проблеми и проблеми со спиењето.

Фото: Stanford University