Boeing дели над 12.000 откази

30

Американски Boeing планира да отпушти повеќе од 12.000 работници дури и ако повторно се активира производството на спорниот 737 max, пишува Financial Times.

Оваа недела се очекува компанијата да додели откази на 6.770 од своите вработени, а 5.520 вработени само се пријавиле да си заминат од Boeing и да добијат отпремнина.

Производителот на авиони, исто така, го намалува и бројот на вработени, во погоните сместени надвор од САД, односно околу 630 лица од Австралија, Нов Зеланд и Канада го најавиле своето заминување од Boeing.

Уште на почетокот на оваа година, компанијата побара кредит од 10 милијарди долари, бидејќи го запре производството на авионот 737 max.

Фото: Facebook