Богатите земји да престанат да “трупаат“ резерви од вакцини

24

Мексико пред Советот на безбедност на Обединетите нации ги замоли богатите земји да престанат да трупаат вакцини против коронавирусот, бидејќи сиромашните земји заостануваат во борбата за вакцинирање на населението.

“Три четвртини од првите дози им се поделени на граѓаните на само 10 земји што сочинуваат 60% од вредноста на глобалниот бруто домашен производ“, предупреди министерот за надворешни работи на Мексико, Марчело Ебрард, додека во над 100 земји вакцинацијата уште не е почната.

“Ги повикуваме земјите да избегнат натрупување на вакцини и да ја забрзаат првата фаза од испораката преку COVAX, давајќи им предност на земјите со помалку ресурси“, рекол тој прек претставници на Советот за безбедност на ОН.

Фото: Pexels