Богатството на Џеф Безос достигна 100 милијарди долари

21

pari-580x387

Фото: Pexels

Основачот на компанијата за онлајн трговија Amazon, Џеф Безос, по Black Friday ја зголеми вредноста на својот имот на 100 милијарди долари, пишува Bloomberg.

Безос, кој е најбогат човек во светот, поседува 78,9 милиони акции од Amazon, а цената на една акција на оваа компанија по затворање на берзата изнесуваше 1.186 долари.

Освен Amazon, Безос исто така инвестира и во стартапи и е сопственик на Washington Post и Blue Origin, компанија што се занимава со пронаоѓање на решение за испраќање на луѓето во вселената.

На листата на Forbes за најбогати личности во светот, Безос го следат основачот на Microsoft Бил Гејтс и Ворен Бафет.