Богов: Македонската економија во нагорен тренд

21

arrow-stocks-up-600x450 Движењата во македонската економија се доста поволни. Имаме нагорен тренд на економијата, подобрување на кредитниот раст и зголемување на депозитната активност во банките, оцени денеска гувернерот на Народната банка на Република Македонија, Димитар Богов.
Тој не очекува во една ваква состојба претстојниот изборен циклус при една цивилизирана кампања да предизвика позначајни турбуленции.
Потенцира дека македонската економија еден позитивен тренд кој се очекува да продолжи, иако постојат надворешни ризици како што е состојбата со Украина.
“Се очекува импулсот на странските директни инвестиции и јавните инвестиции да продолжи и годинава. Изградбата на двата патни правци Кичево-Охрид и Скопје-Штип, како и пругата кон Бугарија ќе придонесат за задржување на високото ниво на јавни инвестиции. Трет фактор е тоа што очекувме раст во европската еконономија што ќе ја зајакне побарувачката на традицоналните производи, што ќе придонесе за поголем раст на БДП”, рече Богов.
Потенцира дека има еден предвидлив амбиент за компаниите, за инфалцијата и движењето на главните макроекономски варијабили. Каматните стапки, додаде, се на историски најниско ниво од осамостојувањето меѓу 6 и 7 проценти, што претставува поволен услов за бизнисот.
“Минатата година имавме слаб раст на кредитирањето на компаниите околу 1,5%, а во последните месеци почна да расте, а кај населението растот беше 10%”, рече Богов и додаде дека зголемувањето на економската активност веќе укажува дека може да има поголема кредитна активност.
Истакна дека девизните резерви се на стабилно ниво, дека нема некои позначителни промени во последните два месеца и дека нема никаков потенцијал за загрозување на макроекономската стабилност.
На новинарско прашање во врска со потрошениот буџетски дефицит од почетокот на годината рече дека не е почувствувано нарушување во рамнотежата на економијата и дека значајно е дефицитот до крајот на годината да се задржи во предвидените рамки.
Народната банка, како што рече Богов, во континуитет ја оценува макроекономската состојба и доколку се појави потреба од преземање мерки секако дека ќе се применат. Во моментов поставеноста на макроекономската стабилност ја оценува како соодветна.
Гувернерот на Народната банка на Република Македонија денеска имаше предавање на Универзитетот Свети Кирил и Методиј во организација на Студентскиот парламент.