Bombardier претстави авион од 72,8 милиони долари

42

22281842_1969059606664315_8458125880776957375_n

Фото: Facebook

На конференцијата и изложбата на National Business Aviation Association (NBAA), што се одржа во Лас Вегас, канадската компанија Bombardier го претстави најголемиот џет авион за корпоративна употреба Global 7000.

Во внатрешноста на овој авион, којшто чини 72,8 милиони долари, има четири луксузни простории што може да примат 19 патници, а има и простор за одмор на членовите на екипажот.

Максималниот домет на авионот е 13.679 километри, што значи дека може да лета директно од Лондон до Сингапур или од Њујорк до Дубаи. Патниците може да изберат во која од четирите луксузни простории ќе уживаат, а на располагање имаат и апартман за конференции и за забава. Конференцискиот апартман е погоден за одржување на деловни состаноци додека летаат високо над земја, а апартманот за забава е опремен со голем телевизиски екран и е идеален за патување со семејство.