Bosco Verticale е најиновативната зграда на светот

101

bosco

Зелената зграда во Милано со своите 800 стебла и 14.000 растенија на фасадата, го доби престижното признание International Highrise Award за 2014 година.

bosco 1

“Вертикалната шума е израз на потребите на луѓето да бидат во контакт со природата. Тоа е радикална и голема идеја за во иднина и без сомнение претставува модел според кој би требало да се градат зградите во густо населените градови во Европа“, изјавил претседателот на жирито на International Highrise Award, Кристофер Ингенховен.

bosco 2

Bosco Verticale е составена од две кули чии тераси се издадени кон надвор и целосно се прекриени со зеленило, па објектот изгледа како вертикална шума.

bosco 3

Двете кули заедно имаат 113 станови, а секој од нив нуди одличен поглед на градот.

bosco 4

Освен “зелената“ страна, оваа зграда е и енергетски ефикасна, бидејќи електричната енергија ја добива од поставените соларни панели, а водата од канализацијата потоа се пречистува и се користи за полевање на растенијата.

bosco 5