Босна и Херцеговина има свој биткоин – RuXCrypto

43

Порталот Crypto.ba ја претстави својата криптовалута RuXCrypto (RXC). Од минатиот месец оваа криптовалута котира на берза што е лиценцирана од страна од европските регулаторни тела.

Со криптовалутата од Босна и Херцеговина се “рудари“ од 25-ти септември минатата година, а зад нејзе стои порталот специјализиран за blockchain технологија – Crypto.ba, пренесува Biznisinfo.ba.

“Долго време се занимавам со криптовалути. Долго време поминав на светските берзи и форуми каде што многу научив за технологијата за којашто не може да се научи насекаде. На Bitcointalk, којшто е еден од најпознатите форуми, бев многу активен и имав квалитетен профил бидејќи многу придонесов за таа заедница“, вели Неџад Смајиќ, основач на Crypto.ba.

Фото: Pexels