Секоја година ова време британската компанија за производи за широка потрошувачка, John Lewis објавува реклама, со која веќе традиционално во Велика Британија се означува почетокот на божикната еуфорија.
Компанијата за целата кампања за Божик одвои буџет од седум милиони фунти, од кои еден милион отпаѓаат само на рекламата.
Ѕвезди на рекламата за оваа година е детенцето Сем и неговиот пријател, пингвинот Монти, додека музиката е каверот Real Love на Џон Ленон во изведба на Том Одел.