Bransys добитник на признанието Superbrands 2017/2018

45

Компанијата Bransys e добитник на уште едно признание за своето успешно работење, признание за македонски Superbrands за 2017/2018. Superbrands е најголемиот независен арбитер за брендирање во светот, кој ги одликува најсилните и највлијателните светски брендови преку своите публикации и национални маркетинг програми. Superbrands е глобална организација која ја промовира дисциплината на брендирање во повеќе од 90 земји, вклучувајќи околу 17.000 брендови во светот, стои во соопштението.

Компанијата Bransys, благодарение на агилната иноваторска култура, прерасна од мала компанија во Superbrands за 2017/2018 година. Bransys, како единствена фирма во Македонија која има развиено in-house целосно свое решение за GPS следење и менаџирање на возила и контејнери, од GPS уред до софтвер со веб и мобилни апликации, со ова признание го потврди квалитетот на своето работење.

Bransys групацијата, со седишта во Македонија, Србија и САД, како IoT компанија развива, одржува и продава компјутерски софтвер, хардвер и услуги уште од 2008 година. Преку развивањето на целосно хардверско и софтверско решение за GPS следење и управување со флота возила, тимот на Брансис изгради целосен систем отворен за адаптација спрема потребите на клиентите.

Интересен факт за Bransys е основање на првиот Embedded тим кој развива конкурентни хардверски решенија за GPS следење и директно се натпреварува со светски брендови во развојот на IoT уред врз база на Bluetooth 5.0 технологијата за следење карго транспорт и други дополнителни средства кои работат без електрично напојување.

“Да се биде избран за Suberbrands е едно големо достигнување и признание за квалитетот на еден бренд. Но најголемо достигнување за нас, отсекогаш било задоволството на клиентите и унапредувањето на нивниот бизнис и задоволството на тимот кој стои позади успешната приказна на Bransys“, вели Бранко Трајковски, основачна Bransys групацијата.