Братот на Маск продаде дел од акциите во Tesla

57

Четириесет и осумгодишниот Кимбал Мас, брат на милијардерот Илон Маск и член на бордот на Tesla, според податоците од американската Комисија за хартии од вредност, продал акции во вредност од 25,6 милиони долари.

Маск помладиот продал 30.000 акции по просечна цена од 852,12 долари, а акциите на компанијата се намалија на 804,82 долари, пренесува Bloomberg.

Акциите на компанијата имаа голем раст минатата година од 743%, а од почетокот на оваа година од 14%.

Ова е само мал дел од акциите што Кимбал ги има во компанијата на неговиот брат, бидејќи поседува уште 600.000 акции, што во овој момент вредат нешто помалку од пола милијарда долари.

Покрај тоа што е во бордот на Tesla Motors, Кимбал е извршен директор и основач на The Kitchen Restaurant Group, којашто од 2004-та година претставува синџир на ресторани што нудат вистинска домашна храна.

Фото: Facebook