Бразил ја дигитализира националната валута

82

Бразилската централна банка направи голем исчекор во процесот на дигитализација на реалот и наскоро би требало да објави информации околу тој проект, изјави гувернерот Роберто Кампос Нето.

“Во процесот на дигитализација на валути постигнавме голем напредок и би требало наскоро да имаме нови вести околу тој проект. Мора да одлучиме дали дигиталниот реал ќе донесе принос и која технологија ќе ја користиме“, најави бразилскиот гувернер.

Според него, централните банки ширум светот би требало да ги интензивираат преговорите околу дигитализација на валутите коишто имаат заеднички карактеристики.

Иако употребата на електронски облик на плаќање во Бразил драматично се зголеми во последно време и се подобри технологијата и комуникацијата преку мобилни уреди, реалот и понатаму е физичка валута.

Фото: Pixabay