Бразил ќе гради 800 аеродроми

20

“Планираме да изградиме најмалку 800 регионални аеродроми во градовите со преку 100.000 жители”, најави претседателката на Бразил, Дилма Русеф, на собирот на француските бизнис лидери во Париз.

“Бразил е земја со големина на континент. Затоа аеродромите ни се повеќе потребни отколку железница. Некои граѓани во Бразил можат да патуваат само со авион. Сакаме градовите со над 100.000 жители да имаат аеродроми во круг од 60 километри. Тие се неопходни за развој на земјата“, додава Русеф.

Бразил е погоден од забавувањето на светската економија и оваа година, според аналитичарите, бразилската економија ќе забележи раст од само 1%. Тоа ќе биде најслаб резултат меѓу земјите од групата најголеми економии во развој БРИКС, во која припаѓаат уште и Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската република.

Минатата година Бразил забележа раст на БДП од само 2,7%, за разлика од 7,5% а во 2010 година.

Во изминатите 10 години воздушниот сообраќај во Бразил е повеќе од удвоен, затоа што преку 30 милиони луѓе излегоа од сиромаштијата и почнаа да патуваат со авиони.