Бразил планира да воведе биткоин како средство за плаќање

79

Бразил се подготвува да гласа за предлог -закон за регулирање на употребата на крипто -валути, кој треба да биде претставен на пленарната седница на Претставничкиот дом во наредните денови.

“Сакаме да донесеме прописи за да можат граѓаните да тргуваат, да знаат каде и што купуваат со дигитален имот. Со оваа криптовалута, ќе можете да купите куќа, автомобил, да платите за хамбургер“, рече бразилскиот федерален заменик Аурео Рибеиро, пренесува Yahoo Finance.

Предлог -законот  со кој се регулираат виртуелните валути, беше одобрен минатата недела. Доколку овој закон добие одобрение од Претставничкиот дом, Бразил ќе го следи примерот на Ел Салвадор и биткоинот ќе го направи легално средство за плаќање.